Aвтомобил се запали претладнево на ул. „Владимир Назор“ до Клиниката за гинекологија во Скопје и веќе е изгаснат од противпожарните служби. Нема повредени лица, а причинета е материјална штета, изјави за МИА Звонко Томевски, командант на Противпожарната бригада на Град Скопје.
Пожарот е пријавен во 09.55 часот.
Интервенирано е со едно возило и четири пожарникари.
skopjeinfo.mk