Изгоре автобус на ЈСП во Арачиново

Во селото Грушино, во близина на Арачиново изгоре автобус на ЈСП. Пожарот избувнал ненадејно и целосно го зафатил возилото.

Според видеото на местото на настанот интервенирале пожарникарите кои го изгаснале пожарот.

Причините за пожарот сè уште се утврдуваат, а повеќе детали се очекуваат од надлежните служби.

4news.mk