Во соопштението на Кабинетот на израелскиот премиер се истакнува дека премиерот Бенјамин Нетанјаху одлучил од ова утро да го запре влезот на секаков вид хуманитарна помош во Појасот Газа, известува Анадолу.
Како причина за суспензијата на хуманитарната помош во Појасот Газа се наведува вчерашното завршување на првата фаза од 42-дневниот договор и одбивањето на Хамас да го прифати нацртот за продолжување на разговорите предложен од специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп за Блискиот Исток, Стив Виткоф, што Израел го прифати.
Израел се закани дека нема да го продолжи прекинот на огнот додека затворениците не бидат ослободени.
Израелската армија прекршувајќи го договорот за прекин на огнот во Газа, уби уште еден Палестинец.
Од друга страна, во изјавата што за АА ја дадоа претставници на медицинските тимови во Газа, беспилотно летало на израелската армија нападнало група палестински цивили во градот Беит Ханун.
Во нападот убиен е еден Палестинец, а едно лице е рането.
Како дел од договорот за прекин на огнот потпишан на 19 јануари во Појасот Газа, беше договорена размена на заробеници и прекин на огнот меѓу Хамас и Израел. Договорот постигнат со американска поддршка и со посредство на Египет и Катар, се состои од три фази, од кои секоја фаза трае 42 дена.
И покрај договорот за прекин на огнот и размената на заробениците постигнат со Хамас, Израел продолжува често да го прекршува прекинот на огнот во Газа.
Во писмено соопштение објавено на 11 февруари, генералниот директор на Министерството за здравство во Газа, Мунир ал Бурш, се вели дека 93 Палестинци се убиени во директни напади на Израел врз Појасот Газа од стапувањето на сила на Договорот за прекин на огнот.
Се наведува дека бројот на Палестинци убиени во израелските напади врз Појасот Газа од 7 октомври 2023 година до прекинот на огнот на 19 јануари, се зголемил на 48.388, а бројот на повредени изнесува 111.803.