Градежните активности за изградба на новиот резервоар за вода, наменет за потребите на жителите од село Ростуше, продолжуваат со засилено темпо.
Овој инфраструктурен проект е од витално значење за обезбедување стабилно, квалитетно и долгорочно водоснабдување за локалното население.
Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше, М-р Онер Јакупоски, при увид на работите истакна дека општината е максимално фокусирана на реализација на ветените проекти.
„Интензивно се работи на сите капитални проекти кои ги започнавме во нашата општина.
Новиот резервоар во Ростуше е приоритет со кој директно го подобруваме квалитетот на живот на граѓаните.
Нашата цел е модерна и функционална инфраструктура во секое населено место“, изјави градоначалникот Јакупоски.
Овој проект е дел од поширокиот план за капитални инвестиции на Општината, со кои се решаваат децениски проблеми и се создаваат услови за одржлив развој на целиот регион.



