И во Словенија е потврден првиот случај на мајмунска сипаница

Во Словенија е потврден првиот случај на мајмунска сипаница, јавува N1 Словенија.

Според медиумите, станува збор за маж кој се вратил од Канарските Острови.

Пациентот не бил хоспитализиран на Инфективната клиника на Универзитетскиот медицински центар Љубљана и веројатно се работи за полесна форма на болеста.

извор: N1 Словенија

фото: Архива