Пратеникот и лидер на Демократски Сојуз, Павле Трајанов гостуваше во емисијата „360 степени“ при што предлага широка коалиција.
„Моја сугестија е да се размисли за широка коалиција во која ќе бидат вклучени сите партии и ќе се вклучат сите капацитети во државата. Под широка коалиција мислам да влезе и ВМРО-ДПМНЕ и другите опозициски партии“, вели Трајанов.
Трајанов смета дека на ваков начин може да се помогне за решавање на кризата и подобро соочување со предизвиците.
извор: „360 степени“