Косово ја потврди забраната за носењње хиџаб во училиште

Од македонското Министерството за образование велат дека се фокусираат на дискусија за квалитетот на образованието, а за облекувањето на учениците како што велат, одлучуваат училиштата преку усвоен дрес код.

-Законската регулатива во образованието во Македонија не го ограничува носењето на хиџаб во училиштата и до овој момент не е иницирана дискусија за промена на законите. Облекувањто на учениците и наставниците за време на настава го регулираат самите училишта со изработка и усвојување на кодекс преку органите на управување и одлучување, велат од МОН.

Македонија е заедно со Хрватска, Словенија, Црна Гора, Албанија, Грција и Србија се вбројува во најлибералните држави кога станува збор за правото на носење верска облека на јавни места, а особено тоа важи за покривање на лицето и главата кај муслиманската жена.

Во соседна Бугарија е забрането носење бурка, никаб и шамија, која го покрива лицето.

Франција е прва европска држава која во 2010 година забрани носење бурка и никаб на јавни места, а освен Франција целосна или делумна забрана за покривање на лицето има и во Белгија, Данска, Австрија, Бугарија и Швајцарија, Холандија, Норвешка и делови од Германија.

 

 

kanal5.com