Крајна внимателност на возачите, многу магла и намалена видливост низ Македонија!

Утринава во нашата Македонија имаме променлива облачност, а во многу котлини, секако, вклучувајќи ја и Скопската котлина е многу магливо, ладно и со ниска облачност и намалена видливост. Претежно е тивко.

На картата можете да ги погледнете температурите измерени ова утро  по градови и места низ Македонија. Може да се види дека најладно утринава беше во Битола со измерени -5 степени, а највисока минимална температура од 4 степени е измерена во Гевгелија.

Поради маглата  и намалената видливост, на возачите им препорачувам да бидат крајно внимателни како управуваат со своите возила, пишува метеопрогнозерот Славчо Попоски.

 

 

 

 

meteoalarm.mk