На 20.12.2023 полициски службеници од СВР Битола-ОВР Прилеп во координација со Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за општ и насилен криминал, по преземени мерки и активности, ги лишиле од слобода В.Б.(34) и Д.М.(22) од Прилеп, поради основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност”. Имено, на 19.12.2023 на ул.”Кире Базерко” во Прилеп, на барање на В.Б., Д.М. со запалива течност предизвикал пожар на патничко моторно возило „мерцедес“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на Б.М.(50) од Прилеп, за што добил пари од В.Б.. Со двајцата лишени од слобода извршени се службени разговори во полициска станица, при што тие го признале делото. Денеска (21.12.2023) до ОЈО Прилеп е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело по член 288 „предизвикување општа опасност” од Кривичниот законик, информираат од МВР.
Related Posts
(ФОТО) Свечен дочек на ПМФ за Македонските математичари кои постигнаа нов рекорд – освоија 6 медали на Балканската олимпијада
Младите македонски математичари кои деновиве постигнаа голем успех освојувајќи рекордни шест медали на Балканската математичка олимпијада и поставија и нов…
Во Турција е уапсен Љупчо Палевски Палчо – МВР најави прес за повеќе детали
Љупчо Палевски – Палчо е фатен на граничен премин, дознава Фокус. Тој е првоосмничен за убиството на Вања Ѓорчевска и…
ЈО не утврдило основано сомневање за сторени кривични дела од Муареми и вработени во Управата за финансиска полиција
Постапувајќи по двете кривични пријави против поранешен директор на Управата за финансиска полиција (УФП) и вработени службеници во Управата, јавниот…