Лишени од слобода 13 возачи за безобѕирно управување возило

Лишени од слобода 13 возачи за безобѕирно управување возило, 11 возеле без возачка дозвола (двајца малолетници), а две лица возеле под дејство на алкохол

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 13 возачи за безобѕирно управување возило. Од нив 11 управувале возило без возачка дозвола (двајца малолетници), а две лица возеле под дејство на алкохол. Четири лица во Скопје (еден малолетник) управувале возило без возачка дозвола, по две лица во Тетово (еден малолетник) и Куманово и по едно лице во Гостивар, Кочани и Прилеп возеле без возачка дозвола. Додека, по едно лице во Пробиштип и Кавадарци управувале возило под дејство на алкохол. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.