На 21.09.2025 во 05:00 часот полициски службеници од ОВР Гостивар, во присуство на неговата мајка Џ.Х., лишиле од слобода 15- годишен малолетник од Гостивар, поради основано сомнение дека сторил кривично дело „одземање на моторно возило”, казниво по член 242 од КЗ, а пријавено истиот ден во 04:10 часот во ОВР Гостивар од Б.Ѓ.(43) од Гостивар. Според пријавеното, малолетникот го украл возилото „мерцедес“, кое било паркирано и оставено со отклучени врати и клучеви во возилото, по што управувајќи го, предизвикал сообраќајна несреќа кај мостот во населбата „Циглана“ во Гостивар. По документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Лишен од слобода крадец во Гостивар, украл „мерцедес“ и предизвикал сообраќајна несреќа



