Мајк Пенс се повлекува од претседателската кампања за изборите во 2024 година

Поранешниот потпретседател на Соединетите aмерикански држави, Мајк Пенс денеска објави дека ќе се повлече од трката за претседател во 2024 година.

Тој ја објави информацијата во Лас Вегас, Невада, за време на годишниот самит на Републиканската еврејска коалиција.

Теоријата на Пенс за кандидатурата беше едноставна – тој се раздели со тогашниот претседател Доналд Трамп на 6 јануари 2021 година и повторно се фокусираше на клучните конзервативни принципи кои ја основаа модерната Републиканска партија со Роналд Реган, неговиот политички модел, пишува CNN.

-Дојдов овде да кажам дека ми стана јасно дека ова не е мое време. Затоа, по долго размислување, решив да ја прекинам кампањата за претседател, рече Пенс на сцената на конвенцијата во Лас Вегас.

Пенс не успеа да добие поддршка меѓу голем број републикански кандидати, од кои најголем останува поранешниот претседател Доналд Трамп.