Милијардерот (91) повторно со помлада жена, половина година по разводот

91-годишниот медиумски магнат Руперт Мардок има нов партнер со кој последните денови се забавуваше на плажа на Карибите. Само половина година по разводот со Џери Хол, милијардерот е снимен со Ен-Лесли Смит, која е 25 години помлада од него, вдовицата на кантри ѕвездата Честер Смит.

 

Фотографите ги снимија како пливаат заедно, а потоа Ен-Лесли му помага на Руперт да излезе од морето.

Милијардерот се разведе од Џери Хол минатиот август. Тајкунот со австралиско потекло, кој поседува голем број медиуми, вклучувајќи ги Тајмс, Њујорк Пост, Фокс њуз и Волстрит журнал, се проценува на 17,7 милијарди долари.

Бракот на Мардок со Џери беше негов четврти брак (и четврти развод).

 

Тој се оженил со својата прва сопруга, поранешната стјуардеса Патриша, во 1956 година. Двојката се разделила во 1967 година, девет години по раѓањето на нивното единствено дете, ќерката Пруденс. Истата година се ожени со својата втора сопруга Ана, новинарка од Глазгов, со која беше во брак 32 години и имаше три деца. Тие се разведоа во 1999 година.

 

По разводот на Ана ѝ беа доделени 1,7 милијарди долари, вклучително и 10 милиони долари во готовина. Само 17 дена по разводот, Мардок се ожени со претприемачката Венди Денг, со која беше до 2014 година и имаше две деца. Мардок за време на нивниот брак имал 68 години, додека Венди само 30.

 

index.hr