Министерот Тошковски на средба со директорката на Центарот за спречување конфликти на ОБСЕ во Европа, Кејт Фирон

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари работна средба со директорката на Центарот за спречување на конфликти на Организацијата за безбедност и соработка во Европа, Кејт Фирон и Шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Килиан Вал.
На средбата беше потврдена одличната соработка помеѓу двете институции во огромен број проекти, а беше изразено уверување во нејзиното натамошно унапредување, како и благодарност за константната поддршка и разбирање.
Министерот Тошковски се осврна на приоритетите и фокусот на МВР во периодот што следи, подвлекувајќи ја важноста и посветеноста на надградбата на капацитети, борбата против организираниот криминал и корупцијата на сите нивоа и реформите во министерството.