На 18.06.2025 во Центарот за обука на Министерството за внатрешни работи беше потпишан меморандум за соработка помеѓу Министерството за внатрешни работи – Центар за обукa, Академијата за судии и јавни обвинители и Јавната установа Завод за социјални дејности Скопје.
Со потпишувањето на овој меморандум, трите институции ќе ја зголемат меѓусебната комуникација со цел да ја воспостават и формализираат меѓуинституционалната соработка на полето на зајакнување на човечки ресурси и институционални капацитети во промовирање на принципите на правдата за деца, заштита на правата на децата и нивниот најдобар интерес.
Соработката во рамки на меморандумот подразбира реализирање на заеднички активности во полето на развој на системот за учење и професионален развој, развој на компетенции на професионалци – учесници во системот, како и истражување, анализа и создавање на едукативен материјал, а целните групи на корисници се службени лица, вработени во судството, внатрешните работи и државниот систем на социјална заштита.