Отпочна со работа заедничкиот граничен премин меѓу Македонија и Косово, Долно Блаце – Елез Хан, како дел од проектот „One Stop Shop“.
Премиерот Христијан Мицкоски, кој присуствуваше на настанот, истакна денес денеска суштински се поместува границата помеѓу проблемите и решенијата, застојот и движењето, бирократијата и ефикасноста.
Тој посака овој премин биде почеток на уште поголеми проекти, а за граѓаните значи повеќе време за семејството, за работата, за животот.
Денес, овде, на најдобар начин покажуваме дека границата не мора да биде ѕид. Границата може и треба да биде наш заеднички мост. Мост кој поврзува луѓе, идеи, можности. Мост преку кој се зборува за доверба, соработка, економска размена, развој на културата и туризмот. Мост што ќе го преминат милиони граѓани, но и милиони надежи и планови. Оваа иницијатива е потврда дека кога постои искрена политичка волја, заедничка визија и позитивен пристап, нема предизвик што не може да се надмине. Оваа граница, која досега значеше пречка, од денес станува симбол на модерноста, интеграцијата и регионалната зрелост- истакна Мицкоски.
Премиерот посочи дека двете земји градат инфраструктурата на меѓусебната доверба, почит и партнерство.
Нема веќе чекање со часови на границата. И работата и делата кои носат подобар живот се најдобриот начин за сите граѓани. Поврзувањето, работата и проектите како овој да, тоа носи подобар живот. И тоа е мојот личен и фокус на македонската Влада. Денешниот чекор е повеќе од билатерална политика – тој е дел од една поголема слика. Слика во која целиот Западен Балкан се движи во иста насока – кон Европската Унија. Оваа заедничка гранична точка не е само премин помеѓу две држави. Таа е премин кон европските вредности – на соработка, на интеграција и на слободно движење – нагласи македонскиот премиер.
Заедничкиот премин, организиран според принципот „One stop shop“, значи едно застанување наместо две, едно чекање наместо двојно губење време, еден увид наместо две одделни контроли.