Мицкоски: Денеска присуствував на пуштање во употреба на затворениот базен во Општина Штип

Продолжуваме и понатаму да инвестираме во спортот, затоа што, како велат, во здраво тело здрав дух. Ние би сакале да ги навикнеме младите уште од најрана возраст да спортуваат бидејќи на тој начин се градат во вистински личности, личности коишто витешки ќе се борат во својот живот и ќе напредуваат.
Сакам да им честитам и на градоначалникот и на министерот за спорт, но и на пратениците во македонското Собрание од Штип, коишто навистина вложуваат атом повеќе енергија, повеќе за да обезбедат проект за Штип.
Би сакал исто така да му честитам на градоначалникот, на советниците, на администрацијата во Општина Штип што изминативе скоро четири години реализираа голем дел од проектите.
Со тие проекти Штип доби една современа, модерна физиономија, дека навистина е центар во истокот. Штип денеска делува навистина импресивно и работата на градоначалникот навистина инспирира и очекувам дека и во следните четири години ќе продолжи со истата динамика на реализација на тие проекти за уште поубав Штип, за Штип којшто ќе има уште повеќе реализирани проекти, а ние како централна Влада тука сме да ги поддржиме реализацијата на тие проекти.