Би сакал што е можно повеќе вакви објекти да можеме да почнеме, како резултат на што е можно повеќе дечиња коишто би си родиле најпрвин, а потоа би дошле до оваа фаза на своето образование.
Му честитам на градоначалникот, на Советот, на администрацијата, на пратеникот којшто доаѓа од Општина Ѓорче Петров, благодарност до Министерството за образование, до колегите од Владата што целиот овој период работиме за да отпочнеме нешто ново, да исправиме нешто од порано коешто било погрешно, да не создадеме нови дубиози и нови проблеми.
И ценам ваквите проекти само се додадена вредност во квалитетот на животот на граѓаните, пред сè на децата, бидејќи сето ова ние го работиме за нив. Да го оставиме за нив. Тие се тие коишто ќе го наследат сето ова коешто ние го работиме.
Еве нека се изгради овој објект за да можеме сите заедно да се радуваме во тоа што го правиме и што го создаваме.
Така што, нека е честито и да ни се множат вакви проекти уште повеќе.




