Со инвестиција од 11,7 милиони евра, пуштен е во употреба реконструираниот пат од Охрид до Св. Наум, долг 24,3 километри, со целосно обновен коловоз, нова сигнализација, заштитни огради и проширувања. Овој пат ги поврзува туристичките капацитети на јужниот дел од Охрид и манастирот Св. Наум, а е и дел од регионалната врска со Албанија. Ова не е само инфраструктурен проект, туку симбол на визија, одговорност и тивка, но посветена работа.
Владата вложува во патишта, поврзување и иднина, не со зборови, туку со реални резултати. Се градат автопати низ Западна Македонија, туризмот бележи раст од над 20% во однос на минатата година, а Охрид, како УНЕСКО град, добива сè поголема пристапност и атрактивност. Ова е политика на испорака, не на ветувања. Македонија оди напред тивко, упорно, со труд и чесност, за секој граѓанин, без галама и без привилегирани.