Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Виена оствари средба со претставници на македонската дијаспора, на која се разговараше за актуелните предизвици, но и за можностите за развој на државата.
Во фокусот на разговорите, како што информираше Мицкоски, биле и односите со Австрија, при што била нагласена потребата од нивно дополнително продлабочување, особено во делот на економската соработка и привлекување нови инвестиции.
Премиерот упати порака до македонската дијаспора дека таа претставува нераскинлив дел од државата, повикувајќи ги иселениците да размислат за враќање, инвестирање и поактивно вклучување во развојните процеси.
„Како Влада, работиме на создавање стабилна и предвидлива бизнис-клима, која ќе ги охрабри овие чекори“, истакна Мицкоски.
Тој додаде дека ваквите средби се од особено значење, бидејќи придонесуваат за градење доверба и зајакнување на врските со дијаспората.
Премиерот изрази уверување дека со заеднички напори, поддршка од дијаспората и силни меѓународни партнерства, Македонија може да продолжи по патот на економски развој и подобар животен стандард за сите граѓани.




