Мицкоски се сретна со Орбан во Будимпешта

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Будимпешта оствари средба со унгарскиот премиер Виктор Орбан.

На средбата се разговарало за продлабочување на економската соработка меѓу двете земји, нови инвестиции и реализација на конкретни проекти кои ќе донесат придобивки за граѓаните.

Мицкоски истакнал дека Унгарија е искрен и докажан партнер на Македонија, а заедничките вредности, меѓусебната почит и соработката се темел на стратешкото партнерство меѓу двете држави.