Две малолетни девојчиња биле физички нападнати во текот на вчерашниот ден.
Според информациите од полицијата, едниот настан се случил пред основно училиште во Радовиш, а вториот во Скопје.
„На 23.12.2022 во 21.37 часот С.И.(41) од с.Бучим пријавил дека на 22.12.2022 околу 11.00 часот пред основно училиште во Радовиш неговата малолетна ќерка била физички нападната од едно лице.
На 23.12.2022 во 19.00 часот С.Г.(50) од Скопје пријавила дека околу 11.50 часот, во основно училиште на подрачјето на Центар, нејзината малолетна ќерка била физички нападната од нејзин соученик“, соопшти МВР во дневниот билтен.
Од денеска за православните верници почнува седмицата позната како сиропусна пред големиот празник Прочка кој ќе се одбележи во недела, претстојниот викенд.…
Постапувајќи по поднесена кривична пријава, Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 40-годишен скопјанец за кого постои основано сомневање дека…