Настани на денешен ден, 19 октомври

202 п.н.е. Во Битката кај Зама, Римјаните предводени од Скипион Африканецот извојувале конечна победа против Картагинците и Ханибал во Втората пунска војна.
1453 Французите го освоиле Бордо со што завршила Стогодишната војна. Под англиска власт на француска земја останал само градот Кале на Ламанш.
1469 Фердинанд II од Арагон се оженил со Изабела I Кастиљска што било почеток на обединувањето на Арагон и Кастиља во една земја — Шпанија.
1512 Мартин Лутер станал доктор по теологија (лат. Doctor in Biblia).
1812 Наполеон почнал да се повлекува од Москва.
1935 Лигата на народите изгласа санкции против фашистичка Италија поради нападот врз Етиопија.
1944 Втора светска војна: трупите на САД се истоварија на Филипинските острови. Филипини целосни се ослободени од јапонската окупација во мај 1945 година. По завршувањето на војната, на 4.07.1946 година е прогласена независна Република Филипини.
1994 Рускиот премиер Виктор Черномирдин поднел писмо до претседателот Борис Елцин, во кое побарал да биде ослободен од должноста поради нарушено здравје.
2002 Во Тетово е убиен 18-годишниот Ванчо Јосифовски од страна на албански паравоени банди.
2003 Папата Јован Павле Втори со свечената процесија што се одржа на плоштадот Свети Петар во Рим, ја беатифицира, односно прогласи за блажена Мајка Тереза, што е последен чин пред нејзиното прогласување за светица.

 

Од Википедија — слободната енциклопедија