Неофицијално: Уапсен екс директорот на СОЗР, Пеце Мирчески

Неофицијално дознаваме дека Финансиската полиција го упасила Пеце Мирчески, поранешен директор на СОЗР (Служба за заеднички и општи работи на Владата) во време на владењето на Зоран Заев и Димитар Ковачевски. Курир дознава дека се вршат претреси во неговиот дом во Скопје во врска со случаи поврзани со злоупотреби во СОЗР во делот на јавни набавки и други злоупотреби.

На оваа челна позиција во СОЗР беше од самиот почеток на владеењето на Заев, од јуни 2017-та година, кога доаѓа на местото на неговиот претходник Васе Доневски.

Курир побара, но се уште нема официјална потврда од МВР и Финасиска полиција за апсењето на Мирчески.

 

 

infomax.mk