Искра Росо, извршна директорка на здружението на граѓани „Солем“ е единствената македонска државјанка која учествувала на едукацијата на „Ерсте фондација“ во Белград и е протерана од Србија. Протерани се вкупно 13 лица од девет држави. Македонското МНР изрази загриженост, најави дека ќе бараа објаснување за ваквиот чекор на српските власти и очекува дека случајот „ќе биде разрешен на соодветен начин, преку дијалог и со присутна добра волја од двете страни“. Реагираа и Хрватска, Албанија, Романија и Европската унија.
„Не знам што се случи, како се случи и зошто се случи… никој од нас не знае. Но, беше многу непријатно“.
Вака Искра Росо, македонска државјанка, за Радио Слободна Европа (РСЕ) опишува што се случувало на 21 и 22 јануари во Белград, кога српската полиција протера 13 странски државјани од девет држави затоа што оценила дека се „безбедносен ризик“ за Србија.
Каков ризик претставуваат, Русо вели дека не им било кажано.
Росо, извршна директорка на здружението на граѓани за поддршка на лица со попреченост „Солем“ е единствената македонска државјанка која учествувала на едукацијата и е протерана од Србија. Една година ѝ е забранет влезот во оваа држава.
slobodnaevropa.mk