„Не уништија нашиот аматеризам, непрофесионализам и лажни вредности“ пејачот Јордан Митев со голем револт во својата објава

Нашиот познат фолк-пејач и композитор Јордан Митев не само што изрази огромна тага за загинатите во ужасната несреќата која се случи во дискотеката на смртта во Кочани, туку и покажа бес кон крајниот аматеризам и негување на лажни вредности.

„“Нашиот“ аматеризам, непрофесионализам, лажни вредности, вреднување и воздигнување на невредните, замижување пред неправдата, користење на политиката за прикривање на сопствените слабости и недостатоци и тн и тн.. не уништија.

Последен пат кога бев во Германија по не знам кој пат се воодушевив на големиот професионслизам што владее таму. Одговорниот на салата, Германец вработен од општината, со метро во раката ги провери сите маси дали се точно распоредени, поставени според дозволените димензии. Не поминува таму скоро ништо на шашма, за разлика од кај нас, “Ајде бе, добро е”.

Е ќе помине можеби 20 пати, но на 21от кога ќе се случи нешто тогаш ќе го земе данокот и за останатите 20.

Голема трагедија. Голема загуба за Кочани и за цела Македонија. Најголема загуба за семејствата. Сочувство до фамилиите“ – напиша Митев на својот фејсбук-профил.

 

 

 

glamur.mk