Николовски: Веќе остварив контакт со министерот за транспорт на Грција, а во среда ќе разговарам и со министерот за транспорт на Хрватска како и со останатите земји од ЕУ се со цел да се реши целата оваа ситуација

Би сакал да искажам поддршка во мое име и во име на Владата на овој протест на превозниците и тоа е причината зошто сум денеска на ГП Блаце.
Овој протест е предупредувачки и превозниците сакаат да покажат што ќе се случува од 10 април па натаму.
Имаме три возможни решенија, првото е да се одложи примената на електронскиот систем за превозниците, второто е да се зголеми бројот на денови кои што можат да ги поминуваат од сегашните 180 на 250 денови во Шенген зоната, соодветно поделено во циклуси и третото решение е да не се третираат како туристи, туку да се третираат како професионалци и врз основа на тоа или да бидат исклучени од овие правила и да бидат соодветно уредени со работни визи.
Веќе остварив контакт со министерот за транспорт на Грција, а во среда ќе разговарам и со министерот за транспорт на Хрватска како и со останатите земји од ЕУ се со цел да се реши целата оваа ситуација.