Николоски најави директни летови од Скопје за Амстердам и Париз

Годинава ќе се отворат уште четири нови директни авионски линии од скопскиот аеродром. Тоа се директните летови за Амстердам и за Париз, се преговара со Катар Ервејз за нивна авио линија од Скопје и веројатно годинава Скопје ќе стане третиот град на Балканот, по Белград и Истанбул, од каде ќе се изведуваат прекуокеански летови, најави министерот за транспорт Александар Николоски во денешното гостување на ТВ Сител.

Исто така, министерот најави дека годинава ќе почне и целосна реконструкција на зградата на терминалот на охридскиот аеродром. Годинава од Скопје ќе се лета за Дубаи, Барселона, Лион и Штудгард, а охридскиот аеродром се поврзува со Истанбул и со Базел Милхауз, изјави тој.