Ве информираме дека во недела, на 22.06.2025 година, на реката Радика, во организација на Македонската риболовна федерација, ќе се одржат две кола од Државната мушичарска лига на Македонија.
Локации и термини на натпреварите:
Прво коло: од 07:00 до 11:00 часот
Од влив на Мала Река до 300 метри над Скудрински мост
Второ коло: од 13:00 до 16:00 часот
Од Криви Мост надолу до Сенечки Ливади
Поради одржување на натпреварите, на наведените локации нема да се одвива спортски риболов..
НП Маврово: Во недела на реката Радика ќе се одржат две кола од Државната мушичарска лига на Македонија
