Една деценија и осум години, а боли исто, па и повеќе секој следен 16. октомври. Овој датум потсетува на болката и вечно актуелното прашање – зошто добрите, хуманите и луѓето кои се повеќе од обични мора да го напуштат овој неправеден, полн болка и зло, овоземен свет!
Годинава, боли се чини и повеќе! Се сеќаваме на нашиот Тоше Проески кој загина на денешен ден пред 18 години во кобна сообраќајна несреќа во Хрватска, а денеска во вечноста ќе биде испратен и Панчо, исто така музичар со големо срце! Претходно се збогувавме со Андреј од ДНК. Музиката и хуманоста им беа заедничка особина сите тројца талентирани музичари за кои нема време, зборови и простор кои може да понудат утеха.
skopjeinfo.mk




