Од рудници до соларни централи, кинеските проекти се соочуваат со правни пречки на Балканот

Кога 25-годишен кинески градежен работник почина на локацијата каде што се наоѓа огромна соларна електрана во Босна и Херцеговина ова лето, малкумина очекуваа инцидентот да се претвори во еден од најзначајните правни удари против проектите поддржани од Кина во земјата.

Несреќата на локацијата на „Аурора Солар“ во близина на јужниот босански град Столац предизвика инспекција што откри 71 нелегален кинески работник во октомври. Властите брзо ги депортираа, ја прогласија изградбата на проектот од 116 милиони долари за нелегална и отворија истраги за можна злоупотреба на јавно земјиште во ноември.

Но, локалните жители велат дека градилиштето сè уште не е затворено.

За регион каде што кинеските инвестиции во инфраструктурата често се заштитени од политички сојузи и се под владино покровителство, овој потег означи редок неуспех за економскиот отпечаток на Кина на Балканот и успешен пример за јавен отпор кон кинеските проекти.

Експертите велат дека официјалните лица во регионот честопати го прифаќаат кинескиот капитал како брзи пари за развој на енергија и инфраструктура на сметка на заштитата на животната средина и почитувањето на законите за труд.

„Кинеските компании се однесуваат на Балканот онака како што им е дозволено“, изјави за Радио Слободна Европа,Вук Вуксановиќ, виш истражувач во Белградскиот центар за безбедносна политика.

Тој додаде дека локалното население ја започнало својата правна кампања за запирање на проектот во јануари, поминувајќи часови секој ден истражувајќи ги релевантните закони.

„Ова не треба да биде работа на обичните граѓани, туку на институциите“, рече Ајаниќ.

 

 

 

slobodnaevropa.mk