Околу 20.000 луѓе учествуваа на 114. издание на традиционалната трка „Беј ту брејкерс“ во Сан Франциско, најстарата трка на кратки патеки во светот што се одржува без прекин од 1912 година, јавува Анадолу.
Настанот, кој е длабоко вкоренет во културата на градот, се одржа во неделата, започнувајќи во близина на заливот на Сан Франциско, неколку блокови од улицата „Ембаркадеро“, и продолжувајќи по 12-километарска траса низ градот до крајната точка на Големото шеталиште, каде што брановите на Пацификот удираат врз брегот на Оушн Бич.
Учесниците, како и секоја година, трчаа облечени во креативни и колоритни костими, со што уште еднаш му дадоа уникатен карактер на овој спортски и културен настан.
Трката „Беј ту брејкерс“ е позната по својата опуштена и карневалска атмосфера и претставува симбол на духот на Сан Франциско.