Османи: Две македонски семејства побарале помош од амбасадата да ја напуштат Украина

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи информираше дека утрово две македонски семејства побарале помош од нашата амбасада во Киев за да ја напуштат земјата.

-И денеска имаме неколку граѓани кои што бараат документи за да ја напуштат земјата, иако ние веќе правиме планови и за евакуација на нашите дипломати. Две семејства биле во нашата амбасада и барале одредени документи. Дипломатите ќе најдат начин да помогнат се дека имаат можност. Имаме резервни планови доколку аеродромот во Киев се затвори, рече Османи во изјава за Канал 5.

Шефот на дипломатија додаде дека се следи состојбата со загриженост.

-Мислевме дека копнена инвазија во соседна држава ќе видиме само во филмовите и историските книги. Единствени сме со НАТО и ЕУ во однос на одговорот, потенцира Османи.