Илјадници бугарски граѓани протестираа во неколку градови низ земјата и бараа оставка од владата.
Причината за незадоволството со денови беше предлог-буџетот за 2026 година и обидот на претставниците на ГЕРБ, БСП, ИТН и „ДПС-Нов почеток“ да го задржат, иако рекоа дека ќе го повлечат.
Сепак, незадоволството прерасна во барање за оставка од владата и беше насочено конкретно против лидерите на „ДПС-Нов почеток“ и ГЕРБ – Делјан Пеевски и Бојко Борисов.
Во Софија, протестот беше најголем. Различни медиуми и активисти споделија информации за за присуство меѓу 30.000 и 100.000 луѓе. Ова беше сигурно еден од најголемите протести од 1989 година и најголем во последната деценија.
Луѓето го блокираа просторот пред поранешниот Дом на партијата, во кој сега се наоѓа Народното собрание.
Тие скандираа „Мафија“, „Оставка“ и носеа транспаренти против Пеевски и Борисов.
Подоцна, маршот се упати кон седиштето на ГЕРБ и „ДПС – Нов почеток“.
Кај канцелариите на „ДПС – Нов почеток“ на улицата „Врабча“, десетици мажи и млади момчиња облечени во темна облека и со маски се придружија на протестот.
Тие фрлаа петарди и други предмети кон зградата на партијата и кон органите за спроведување на законот. Од другите демонстранти беа идентификувани како провокатори кои немаат никаква врска со протестните акции.
Избувнаа судири меѓу мажите во црно и полицијата. Имаше повредени и приведени лица, беа искршени полициски автомобили и дел од локалната инфраструктура.
slobodnaevropa.mk




