Изминатиов викенд бевме домаќини на Балканското триатлон првенство Охрид 2026! Повеќе од 350 репрезентативци во различни категории од 17 земји ги одмерија своите сили и покажаа што значи вистинска издржливост и спортска подготвеност.
Честитки до сите учесници кои дадоа сè од себе на патеката, а особено до најдобрите на кои Катерина Стојаноска, во име на Градоначалникот на Општина Охрид, им ги додели заслужените награди и признанија.
Голема благодарност до организаторот Триатлон Федерација на Македонија, како и за техничката поддршка од Охрид трчаТ, Министерството за спорт и Олимпискиот комитет.
Општина Охрид секогаш со гордост ги поддржува ваквите големи спортски манифестации кои го ставаат нашиот град на светската спортска мапа!



