Почина професорот Димитар Бајалџиев, поранешен министер за образование

Почина еден од омилените професори на студентите на Правниот факултет. Нека почива во мир Димитар Бајалџиев.

Од него се простија колегите од Правниот факултет:

Со длабока тага известуваме дека на 14.08.2022 година почина проф.д-р Димитар Бајалџиев, долгогодишен професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Со неговата смрт загубивме драг и почитуван колега, доајен од областа на вовед во правото и автор на бројни научни и стручни трудови, успешен интелектуалец, извонреден предавач, одличен педагог, посветен наставник и особено ценет пријател. Проф.д-р Димитар Бајалџиев беше и поранешен Министер за образование и наука, поранешен декан на Факултетот и член на Деканатската управа.

Посмртните останки на проф.д-р Димитар Бајалџиев ќе бидат изложени во капелата на Градските гробишта во Бутел на 16.08.2022 година (вторник) од 13 до 14 часот.

ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ

на нашиот почитуван професор и колега

ПРОФ. Д-Р ДИМИТАР БАЈАЛЏИЕВ

редовен професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје на Катедрата за воведни и теоретски правни науки

1944-2022

Со заминувањето на проф.д-р Димитар Бајалџиев, Правниот факултет изгуби еден извонреден наставник и одличен педагог, поранешен декан на Факултетот и ценет колега и пријател.

Ќе останат во вечно сеќавање неговиот богат творечки опус, професионализмот карактеристичен за неговата работа и хуманиот однос кон студентите и вработените на Факултетот.

Од вработените на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје.

фото: ФБ