Пецаков: По повод 4 Јануари-Meѓународниот ден на Брајовото писмо ја искажуваме нашата безрезервна поддршка за поголема инклузија на слепите лица и лицата со оштетен вид во сите сегменти на општественото живеење

По повод 4 Јануари-Meѓународниот ден на Брајовото писмо ја искажуваме нашата безрезервна поддршка за поголема инклузија на слепите лица и лицата со оштетен вид во сите сегменти на општественото живеење.
Брајовото писмо им овозможува на овие лица да имаат пристап до информации и контакт со надворешниот свет, а издавањето на книги со брајова азбука, обезбедува поголем пристап и до образованието, литературата и културните вредности.
Во таа насока, со поддршка на Општина Охрид, преку Одделението за култура обезбедивме подготовка на две изданија на Брајово писмо од книгата „Гоце Делчев“ на Ванчо Николески, кои ќе им ги предадеме на Библиотеката „Григор Прличев“ и на Здружението на слепи лица од Охрид. Минатата година подготвивме две изданија на Брајово писмо од Автобиографијата на Прличев.
Продолжуваме и во иднина да создаваме услови за поголема вклученост во заедницата на сите граѓани, бидејќи сите сме еднакви и заслужуваме подеднакви права и можности, пишува во својата објава градоначалникт Кирил Пецаков.