Со денешното пристигнување на првите патници од Истанбул, официјално се означува почетокот на новата директна авионска линија на „Туркиш ерлајнс“, што ќе го поврзе Охрид со еден од најголемите светски аеродромски и туристички центри.
Оваа нова воздушна врска го зајакнува меѓународниот потенцијал на нашиот туристички бисер и испраќа јасна порака дека Охрид е светска дестинација!
Со предвидените четири лета неделно кон Истанбул и обратно, Охрид станува подостапен за турските туристи и секако за туристите од истокот, кои сакаат да ја откријат неговата природна убавина и културно-историското богатство.
Упатувам голема благодарност до сите инволвирани во реализацијата на иницијативата за воспоставување на оваа авионска линија. Верувам дека и во иднина ќе работиме на уште поголем туристички развој и авионско поврзување на Охрид со други светски метрополи.