Заедно со високата делегација на Владата на Република Македонија, предводена од претседателот Христијан Мицкоски, денеска извршивме увид и во градежните активности на улицата „Кленоец“, значаен инфраструктурен проект за граѓаните на Охрид.
Со заеднички средства од Владата и Општина Охрид инвестираме над 81 милион денари во целосна реконструкција на водоводната мрежа, фекалната и атмосферската канализација, линиската инфраструктура, тротоарите и јавното осветлување.
Ова е проект што значително ќе ги подобри условите за живеење во овој дел на градот, ќе ја зголеми безбедноста на сите учесници во сообраќајот и ќе придонесе за поголема функционалност.
Продолжуваме со силно темпо и со реализација на капитални инфраструктурни проекти кои носат трајни придобивки за Охрид и охриѓани


