Повеќе од 100.000 демонстранти на антиимиграцискиот протест во Лондон

Околу 110.000 луѓе присуствуваа денес на антиимиграцискиот протест во Лондон. На некои места избувнаа судири меѓу полицијата и демонстрантите. Најмалку 25 демонстранти беа уапсени.

Во главниот град, антиисламскиот активист Стивен Јаксли-Ленон, попознат како Томи Робинсон, организираше демонстрации под слоганот „обединете го кралството“. Тоа беше една од најголемите радикално десничарски демонстрации одржани во главниот град во последните децении, објавува „Гардијан“.

Извор:нос холандија