Повик за фирми соработници – Извиднички Одред „Еквинокс Скаут – Штип“

Извидничкиот Одред „Еквинокс Скаут – Штип“ има започнато иницијатива за реновирање на просториите

кои ги користи за едукативни работилници, состаноци, обуки и младински настани.

Одредот веќе неколку години активно работи во областа на неформалната едукација, развојот на

волонтерството, младинскиот активизам и градењето здрави вредности кај децата и младите во

заедницата. Со цел да се обезбедат поквалитетни, побезбедни и пофункционални услови за реализација

на активностите, започната е иницијатива за целосно уредување и подобрување на постојниот простор, кој

во моментов има потреба од сериозна реконструкција.

Според информациите од организацијата, досега се обезбедени нешто повеќе од 30% од потребните

средства, благодарение на поддршката од граѓани, институции, компании и индивидуални донатори.

Оттаму посочуваат дека овој процент претставува силен показател дека заедницата ја препознава

важноста од создавање функционален безбеден младински простор.

Од ИО „Еквинокс“ упатуваат јавен повик до сите општествено одговорни компании, институции и бизниси

да се вклучат како партнери и донатори. Поддршката може да биде финансиска, но и преку донација на

материјали или услуги потребни за реновирањето.

„Секоја донација директно придонесува кон создавање на безбеден простор каде децата и младите ќе

можат да учат, да се развиваат и активно да придонесуваат во локалната заедница“, информираат од

одредот.

Како може да се донира?

Донација може да се изврши преку:

– уплата на сметка: 320100027574094

Банка: Централна Кооперативна Банка

Назив на примач: И.О. Еквинокс Скаут Штип

– или онлајн преку платформата WhyDonate:

https://shorturl.at/cU3Lg

За дополнителни информации, заинтересираните можат да се обратат на следните контакти:

📧 [email protected]

📧 [email protected]

📧 [email protected]

📞 +389 78 437 876

Од организацијата изразуваат надеж дека со заедничка поддршка ќе успеат да создадат современ и

функционален младински простор кој ќе биде во служба на децата и младите од Штип и пошироко.

Во прилог прикачувам и линк од нашите медиуми за комуникација и социјални мрежи:

Фејсбук

Инстаграм

Веб Страна

Линктин