Повторно силен земјотрес во Јадранот, во близина на италијански брег

Повторно е регистриран земјотрес во близина на италијанскиот брег во Јадранското Море.

Земјотресот бил со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала, се случил на длабочина од 10 километри, а епицентарот бил на 61 километар од италијанскиот град Римини, објави Index.hr.

Италија завчера ја погоди земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала со епицентар во морето меѓу Анкона и Римини.

Во Хрватска најмногу се почувствувало на брегот.

 

 

index.hr