Окружниот суд на Загреб поднесе обвинение против тројца сменети министри и поранешниот потпретседател на Владата на Република Хрватска, известува Агенција Анадолија (АА).
Окружниот суд во Загреб потврди дека е подигнато обвинение против Борис Милошевиќ, поранешен потпретседател на хрватската Влада од редовите на СДСС и поранешните министри Дарко Хорват, Јосип Аладровиќ и Томислав Толушиќ од ХДЗ.
Обвиненијата најмногу се однесуваат на манипулации со субвенции за подрачјата населени со национални малцинства, незаконски вработувања во државни служби и други незаконски дејствија.
Станува збор за единствено обвинение кое вклучува тројца хрватски министри и потпретседателот на Владата од редовите на националните малцинства кои се сменети поради различни афери кои резултираа и со ова обвинение на УСКОК (Канцеларија за сузбивање на корупција и организиран криминал).
извор:Агенција Анадолија (АА).