Хитроу е најголемиот британски аеродром со околу 1300 слетувања и полетувања секој ден. Минатата година низ неговите терминали поминаа рекордни 83,9 милиони патници. Пожарот во трансформаторската станица во Хејс, на западниот дел на Лондон, остави илјадници домаќинства без струја, а околу 150 лица беа евакуирани. Луѓето беа советувани да ги затворат вратите и прозорите поради „значителна количина на чад.
Пожарот на трансформаторската станица во непосредна близина на аеродромот Хитроу во Лондон предизвика хаос во воздушниот сообраќај. Лондонскиот аеродром Хитроу, које еден од најпрометните на светот, најави целосно затворање на наеродоромот за денес поради „значајно исклучување на струја“ како последица на голем пожар во близина и предупреди дека во следните денови се очекуваат „значајни прекини“ во воздушниот сообраќај.
Видео снимки од сведоци го покажуваат големиот пожар кој го осветлува ноќното небо, додека екипите за итни случаи брзаат на теренот.
Пожарникарските екипи се на теренот и засега не е јасно кога струјата може да се врати – изјави портпаролот на Хитроу, додавајќи дека персоналот „работи на се што може за да ја реши ситуацијата“. Патниците не треба да патуваат до аеродромот „под никакви околности“ додека не се повторно отвори, рекоа тие.
Хитроу е најголемиот британски аеродром со околу 1300 слетувања и полетувања секој ден. Минатата година низ неговите терминали поминаа рекордни 83,9 милиони патници. Пожарот во трансформаторската станица во Хејс, на западниот дел на Лондон, остави илјадници домаќинства без струја, а околу 150 лица беа евакуирани. Луѓето беа советувани да ги затворат вратите и прозорите поради „значителна количина на чад“.
brif.mk