Не почитувајќи ги критериумите за доделување средства по ваучер системот постојат сомнежи дека Централната комисија во континуитет од 2020 година досега врши незаконска распределба, односно доделување ваучери на повластени корисници, федерации и клубови, согласно интересот на поединци и групи, можеби и политички партии и ги ставиле во неповолна положба оние спортски субјекти кои не добиле соодветни средства, иако тоа право законски им припаѓало, ова го истакнува член на ДКСК, ова не е партиска теза на ВМРО-ДПМНЕ, туку институција дел од власта, која сериозно се сомнева на малверзации во Агенцијата за млади и спорт со која директорува Наумче Мојсовски, кој пак е назначен на таа позиција од СДС, истакна на денешната прес конфренција Сергеј Попов од ВМРО ДПМНЕ.
Во продолжение ја пренесуваме прес конференцијата во целост:
Ковачевски наместо веднаш да постапи по ваквите тврдења на ДКСК и да го разреши Мојсовски, тој молчи и го остава на позиција, давајќи му простор да продолжи со дејствијата за кои постои сомнеж дека ги правел.
Преку Агенцијата за млади и спорт, годишно на федерации и клубови се доделуваат средства во висина од околу 1 милијарда денари. Според ДКСК сомнителни се последните 3 години, односно 3 милијарди денари.
Според ДКСК, постои основано сомнение дека претседателот и членовите на централната комисија во 2020, 21 и 22 година, по пат на злоупотреба на службената положба и несовесно работење, заобиколувајќи ги законските процедури извршиле распределба на средства, со што го оштетиле буџетот на државата, но и лицата кои имале законско право на вакви средства, а не им биле доделени.
Сомнежите се дека Наумче Мојсовски, назначен од СДС, извршил злоупотреба и фаворизирал клубови и федерации на сметка за него неподобни. И сето ова се случувало 3 години, и никој од власта не го спречил.
Зошто молчат Ковачевски и Ахмети, дали и тие се дел од шемата за финансирање на клубови и дали затоа Мојсовски е се уште директор на Агенцијата за млади и спорт?
Дали македонскиот спорт тоне, затоа што СДС и ДУИ прават финансиски малверзации преку институциите кои треба да го стимулираат спортот? Дали спортистите се разочарани од овој однос на власта и како повторно ќе се мотивираат?
Потребна е итна акција на Јавното обвинителство, со цел расчистување на овој случај, но и одговорност покрај од Мојсовски и од Ковачевски и Ахмети кој ова го дозволиле.
извор: ВМРО ДПМНЕ