Костадинка Палазова е родена во кукушкото село Сехово во 1939 година. Таа ја претрпела трагедијата и егзодусот на Македонците од Егејска Македонија (денес во Грција) во 1948 година. Од Сехово пребегала во Гевгелија, а од таму била однесена во Гаково, Војводина и таму завршила трето одделение и по нејзина желба, таа се вратила во вардарскиот дел на Македонија во село Зубовце, Гостиварско. Работела во книговодство, како и учителка во село Сретково, Гостиварско цели 4 години, па потоа како наставничка во Симница каде се запознала со сопругот. Како наставничка продолжила и во ОУ „Братство и Единство“ 20тина години. Со пеењето започнала уште од рана возраст, пеела во хор во Гевгелија и во Гаково. Службено, пред телевизија, таа почнала со „Вие пред микорофон“, со песната „Врни се врни либе Мариче“ со која победила и вратите на телевизијата, се отвориле за неа. Костадинка пеела почнувајќи од 1960тите години. На Фестивалот „Роса“ во Универзалната сала во Скопје, таа добила награда за животно дело, по повод 50-годишниот јубилеј. Костадинка 8 години живеела и работела во Швајцарија. Повеќето од нејзините песни се врзани за егејскиот крај како и за Гоце Делчев, на кого е горда, преку 40 песни. Нејзини авторски песни се: „Филка мома моле бога“, „Сношти отидех џанам“ и многу други. Таа има огрoмен број настапи како во Македонија така и во странство. Најчесто придружувана од Васка Илиева, Есма Реџепова, Кочо Петровски. Живее во Гостивар. Во 2016 година, во Гостивар бил организиран голем велигденски концерт во нејзино име.
Почина Костадинка Палазова, гласот што го оживуваше македонското народно наследство




