Преставници на Македонско друштво “Илинден”-Тирана на конференција на Федералната унија на европски националности за Западен Балкан, одржана во Скопје, Македонија

Од 6 до 8 март 2025 година во главниот град на Република Македонија се одржа конференцијата на Федералната унија на европски националности (ФУEН) за Западен Балкан насловена „Пристапи за справување со говорот на омраза против малцинствата во Западен Балкан“.

Организатор и домаќин на истата беше Ромскиот центар за комуникации „ДРОМ“ од Куманово, чија одлична организација успеа да привлече претставници на национални малцинства од десетина држави во и вон Западен Балкан. Конференцијата ја отвори извршниот директор на Р.Ц.К. „ДРОН“, Ахмед Јашаревски кој се осврна на потребата од поголема застапеност на теми за состојбата на Ромите во балканските држави и светот, но и за положбата на сите малцинства низ светот.

Поздравно обраќање имаше и претседателот на ФУЕН, Ларант Винце, кој воедно е и член на Европскиот Парламент. Во неговиот говор, исто така, беше апостофирана улогата на малцинствата во секоја од државите не само на Балканот, туку и во европски и светски рамки. При тоа, се осврна и на потребата од едукација кај малцинствата, како на мајчин, така и на јазикот на државата во која живеат.

Како идни носители на општествени дејности во државата малцинските членови треба да ја поседуваат основната алатка со која ќе бидат корисни во општеството, а тоа е јазикот за комуникација на сите граѓани на ниво на држава, но и да го негуваат својот мајчин јазик како начин за пренесување на вредностите на своето малцитство.

На отворањето на конференцијата свое обраќање имаше и министерот без ресор, Шабан Салиу задолжен за имплементација на стратегијата за ромската инклузија 2022-2030.

Во натамошниот дел беше одржана првата панел сесија на тема „Сегашната состојба на макцинствата од Западен Балкан“, додека втората панел сесија се однесуваше на „Адрсирање на говорот на омраза“, а третата беше за „Малцинското образование и образованието за малцинствата“.

На оваа Конференција, во име на Македонското друштво “Илинден“-Тирана, беа присутни Проф.д-р Катерина Тодороска и Сабина Џелили, координатор на Друштвото за Округот Елбасан.

 

 

 

vesnik-ilinden.com