Престрелка на Бит пазар меѓу две групи – едно лице загина

Едно лице загина во вооружена престрелка помеѓу две групи на Бит Пазар. Пукањето се случило во близина на полициската станица, објави Канал 5.

Вооружената престрелка се случила околу 14 часот на раскрсница на улицата Војдан Чернодрински. Дел од куршумите завршиле и во околните објекти.

Прозорците на неколку од околните дуќани се оштетени од пукањето. Сопствениците не сакаа да зборуваат пред камера но велат дека пукотницата траела кратко време но се случила во време кога на улицата имало многу деца.

Од МВР велат :„Се работи за престрелка помеѓу две групи од по пет до шест лица, при што едно лице е повредено. На местото на настанот најдени се повеќе чаури, а оштетени се неколку изложни стакла од продажни објекти и околните продавници и неколку паркирани возила. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.“

Екипи на полицијата го обезбедуваа местото а улицата беше затворена за сообраќај и минување додека трае увидот. Повреденото лице е пренесно на Ургентен а засега нема информација дали се пронајдени и уапсени лицата кои учествувале во престрелката.

 

YouTube video