Полициски службеници од СВР Тетово денеска (5 март) околу 15 часот и 50 минути го лишиле од слобода 56-годишниот тетовец Ѓ.Т., по претходно добиени сознанија дека препродавал, односно реемитувал ТВ-канали без потребната лиценца на заинтересирани поединци и им наплаќал паричен надоместок. При претрес во домот на Ѓ.Т., извршен со судска наредба, биле пронајдени и со потврда одземени: 11 дримбоксови, 3 компјутерски куќишта, пиштол “ТТ” со рамка и 124 куршуми калибар 7, 62 милиметри, ловечка пушка “дамас” со 45 куршуми калибар 12 милиметри, 2 мобилни телефони….Тој е задржан во ПС Тетово и во координација со Јавен обвинител ќе му бидат изготвени соодветни поднесоци.
Related Posts
Таравари од Тирана: Разговаравме и за уставните измени во Македонија
За средбата на албанскиот премиер Еди Рама, на која беа поканети лидерите на политичките партии на Албанците во Македонија, доцна…
(ВИДЕО) Група граѓани тргнаа кон Собранието
Граѓаните, кои и вечерва масовно излегоа на протест против францускиот предлог од пред Владата се движат низ централното подрачје, покрај…
Протест во Скопје за случајот со силувањето на 11-годишно девојче во Приштина
„Ниедна девојка не „го бара””, „Насилството не е оправдано”, „Солидарност со Приштина”, „За да не ги браните ќерките, едуцирајте ги…