Присуствував на богослужбата во црквата „Св. Климент Охридски“ во Љубљана, каде што изворно го слушнав гласот на македонските иселеници.
Во пријателска атмосфера, разговаравме за нивниот живот далеку од дома, за поврзаноста со татковината и за улогата на македонската традиција, јазик и култура во зачувувањето на македонскиот дух.
Членовите на Сојузот на македонските културни друштва и претставниците на црковните одбори ме запознаа со нивната работа и со напорите што ги вложуваат во негувањето и зачувувањето на македонскиот идентитет.
Преку фестивали, литературни и ликовни настани, фолклорни ансамбли и бројни културни проекти, тие им ја пренесуваат македонштината на младите генерации.



